Промотер

Ѓоко Јовиќ донесе уште една печалбарската класика – „Решив дома да се вратам“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ донесе уште една печалбарската класика – „Решив дома да се вратам“ (ВИДЕО)

Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ ја продолжува својата традиција да промовира нова песна екранизирана со видеоспот. Деновиве тој  промовираше токму ваков пакет за песната “Решив дома да се вратам”. Овој пат без неговите „Енерџи бенд“самостојно како соло изведувач тој донесе песна со печалбарска тематика, една од оние кои најмногу се слушаат и поминуваат кај нашите иселеници во дијаспората, каде Ѓоко многу често гостува и настапува.

Автор на музиката е самиот тој, додека стиховите ги напишал Александар Стевановски, а аранжманот заеднички ги потпишуваа Ѓоко Јовиќ и Марко Дениќ. Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а за снимањето, миксот и мастерингот бил задолжен Љупчо Павловски.

Видеото е снимано на повеќе локации во Охрид и охридско, во продукција на охридската „ИН Продукција“.

Главен лик во видеото е еден од најпознатите актери во Македонија, Владо Дојчиноски, кого гледачите најмногу го познаваат преку неговите ТВ улоги од ликовите во „Македонските народни приказни“. Тој воедно е потпишан и како режисер на видеото, во кое покрај него и Ѓоко Јовиќ, ликовите ги толкуваат и членовите на најтесното семејство на пејачот, татко му Тодор и синчето Михаил Јовиќ.

„Нам многу ни се допаѓа, но ќе видиме ќе го оставиме тоа на публиката, иако дел од песната уште претходно објавив на Фејсбук. Отсвирено на клавир по дома и многу беше прифатено… Песната како песна е добра, но мислам дека спотот е многу подобар. Владо тоа  го изведе во најдобар ред, со одлично смислено сценарио“ – изјави Јовиќ, а Вие во продолжение проследете ги песната и видеото: