Промотер

Ѓоко Ѓорчев и Кристина Палија во дует – „Parla piu piano“ (АУДИО)

Ѓоко Ѓорчев и Кристина Палија во дует – „Parla piu piano“ (АУДИО)

Во пресрет на големиот концерт најавен за оваа пролет, Ѓоко Ѓорчев објави уште една нова песна, повторно во дует со оперската певица Кристина Палија. Станува збор за преработка на темата „Parla piu piano“која ја компонираше италијанскиот композитор Нино Рота, а првпат беше изведена како инструментал во култниот филм „Кум“ во 1972 година. Освен со оригиналните стихови на англиски јазик, песната има и верзии на француски, сицилијански и на италијански. Аранжманот за верзијата на Ѓорчев и Палија, пак, го направи колегата Иле Спасов.

„Драги пријатели, ви благодариме за прекрасните коментари со кои ни докажавте дека тоа што сме го направиле јас, Кристина и Иле ви се допаднало, ние сме горди на оваа прекрасна песна бидејќи внесовме дел од себе и на овој култен сонг му дадовме наш печат, наш белег. Уживајте во овој бисер, како што уживавте и во ’Фантомот од операта’ и ’Besame mucho’. Засекогаш ваши, Кристина и Ѓоко“ – велат пејачите.

Инаку, „Parla piu piano“ ќе се најде на албумот со најпознатите арии и евергрини насловен „My Way“, а материјалот ќе биде изведен и во рамките на истоимената турнеја низ Македонија. Сè уште не се закажани точни датуми за концертите, но повеќе информации се очекуваат наскоро.

Како звучи дуетот на Ѓоко Ѓорчев и Кристина Палија во  „Parla piu piano“  слушнете во продолжение.

 Извор: РадиоМК