Промотер

Гевгеличаните „The G Notes“ порачаа: Целиме да ве развеселиме со – „All I Need Is You“ (ВИДЕО)

Гевгеличаните „The G Notes“ порачаа: Целиме да ве развеселиме со – „All I Need Is You“ (ВИДЕО)

„Здраво Македонијо! Ние гевгеличаните, со Вас споделуваме нова наша 3+ минутна позитива од певливо парче авторска музика погодна за овој и летниот период со којашто целиме да ве развеселиме“, напишаа гевгелиското дуо „Џи ноутс“ (The G Notes) претставувајќи својот најнов сингл на англиски јазик насловен „All I Need Is You“.

Станува збор за шестата авторска песна на братско-сестринскиот тандем Глигор и Теодора Гошеви, кој зад себе има исто толку синглови и на македонски јазик, а сето тоа ќе биде сместено на двоен, македонско-англиски албум чие излегување се очекува летово, откако ќе биде претставена и македонската верзија на „All I Need Is You“.

Како автори на новата песна се потпишуваат Глигор Гошев (музика и аранжман), Томе Таушанов (стихови) и Ѓорѓи Вацев (аранжман), а во создавањето учествуваа уште и Влатко Сапламаев како придружен вокал и на клавијатури и Ристе Трајковски на саксофон, додека Вацев се погрижи и за аудиото и видеото што се снимаше на егејското крајбрежје во „Сани бич“ и на планината Кожуф.

Како изгледа и звучи најновото од „Џи ноутс“ дознајте во продолжение.