Промотер

„Funk Shui“ со „Ветер“… во етерот (ВИДЕО)

„Funk Shui“ со „Ветер“… во етерот (ВИДЕО)

Бендот  „Funk Shui“ вчера, 23 октомври 2020 год. празнично ја промовираше песната  „Ветер“. Членовите на бендот се автори на музиката и текстот, а продукцијата и миксот се на Бен Милчев. Спотот е сниман летово на неколку локации низ земјава, а зад камерата и дрон камерата биле Борис Ралев и Тео Ангеловски.

„Црпејќи мотивација од сопствената средина, протагонистот во песната се соочува со своите способности за решавање на проблемите околу него. Веселоста и текот на песната сe прекинати од страна нa ненадејните напливи на емоција од заразниот рефрен. Преку неколку метафори Лука пробува да долови дека е свесен за сопствените способности, преку персонифицирање со ветрот и неговиот потенцијал да ja исчисти околината. Мелодичната гитара што ја придружува целата песна ја игра улогата на смирување на бурата и ја овозможува завршницата што песна како оваа ја заслужува”, велат момците од „Funk Shui“ за песната.

Останати вести од Промотер