Промотер

Фрики по неа е – „Забеган од љубов“ (ВИДЕО)

Фрики по неа е – „Забеган од љубов“ (ВИДЕО)

Новите  музички ветришта кои дуваат од соседството не ја заобиколуваат ниту Македонија. Ако регетон звукот и модулираниот вокал се во последно време во мода, а Раста, Јала Брат, Буба Корели… и останатите од „новокомпонираната раста банда“ растураат низ регионот, тоа е добра причина и кај нас да почнуваат да никнуваат нови имиња во тој или сличен „фазон“, на кои новиот звук им е правецот кој го одбрале.

Едно од новите имиња е и тој, младиот тинејџер кој се претставува под името „Фрики“. Засега не сака да го открива својот идентитет. Решен е да се појавува во медиумите и да настапува под маска! Не дека е тоа не е познато и во светот и во соседството, но сепак кај нас е нешто што досега никому не му успеало. Не барем да стане популарен, а да остане анонимен на подолг рок. Затоа токму таму Фрики и ја гледа својата шанса да биде првиот кој ќе успее, вакво нешто да му појде од рака.

„Забеган“ по новиот звук, неговата прва песна носи наслов „Забеган од љубов“. Музиката и текстот се на Сашко Сале Андриески, попознат како „Сале – рокер“ (Просаунд продукција), кој и самиот е музичар, но во еден сосема поинаков жанр за кој зборува и неговит прекар, додека аранжманот е на Драган Ристовски.

Тој и неговата „ДРД видеопродукција“ го изработиле и провокативниот видеоспот во кој главната ролја ја има старлетата која се претставува под уметничкото име Дани, македонски модел која во моментов живее и работи во Бугарија.

Разголени кадри, сексапил на тацна, бујни атрибути и многу еротска провокација за целата нација нуди токму видеото, кое изобилува со секвенци кои ги будат сите сетила… Особено, кај машката популација.

Попусто стопати кажано, ако барем еднаш не е слушнато и  видено… Затоа проследето го видеото на момчето под маска – „македонскиот  анонимус – Фрики“, само добро внимавајте гледајќи и вие да не забегате… од љубов!