Промотер

„Фолтин“ во живо од студиото „Алшар“: „Ми се води љубов“ ( ВИДЕО)

„Фолтин“ во живо од студиото „Алшар“: „Ми се води љубов“ ( ВИДЕО)

Во пресрет на фантастичната концертна промоција на материјалот од новиот албум „Момома“ која се одржа викендов (сабота, 25 мај), во клубот „Кабрио“ во Скопје, битолскиот состав „Фолтин“  своите фанови ги почести со изведба во живо на првата песна од новото изданиенасловена: „Ми се води љубов“.

Видеото е снимено во студиото „Алшар“, каде што Ивица Јанкуловски – Штраф ги направи и миксот и мастерингот на новиот материјал, потпишувајќи се и како инженер на звук, со асистентката Бисера Атанасова.

Славчо Јовев на тапани, Гоце Јованоски на бас, Пеце Трајковски – Брада на гитара и синтизајсер, Пеце Николовски на кларинет, Петар Димитровски на пијано и вокалистот Бранислав Николов ги снимаа Стефан Рајхл, Петар Аврамоски, Филип Ѓоѓиоски и Антон Лазаревски, а видео-монтажата ја направија „Тоун бандитс“. 

По скопската промоција, „Фолтин“ ќе го претстави новиот материјал и во Домот на млади во Штип, каде што на 2 јуни ќе настапат во рамките на фестивалот „Сигнал, а потоа продолжува надвор од нашите граници, односно на 8 јуни ќе свири во Софија, на 13 јуни во Љубљана, а на 14 јуни во Минхен.

Во меѓувреме, уживајте во „Ми се води љубов“… Можеби е „заразно“!