Промотер

„Фолтин“ ја екранизираа со необично видео – „Ми се води љубов“ (ВИДЕО)

„Фолтин“ ја екранизираа со необично видео – „Ми се води љубов“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд „Фолтин“ во април минатата година ги почести обожавателите со албумот „МОМÓМА“, а пред неколку дена, најголемиот хит од албумот, песната „Ми се води љубов“, си доби видео запис.

Покрај стандардната екипа која ја сочинуваат музичарите на „Фолтин“, предводени од одличниот вокал на Бранислав Николов, гостин во песната е Петар Димитровски на клавијатури.

Режијата и монтажата на видеоспотот се на Милена Витман, додека кинематографер е Владимир Димоски.

Танчерката во спотот е од Венецуела Зарина Рондон,  навистина изведува некои несекојдневни потези во видеото.

Во продолжение погледнете го најновиот видеоспот на „Фолтин.