Промотер

Фолкерот Влатко Алексовски со забавни ноти и посака – „Добро утро, љубов моја“ (ВИДЕО)

Фолкерот Влатко Алексовски со забавни ноти и посака – „Добро утро, љубов моја“ (ВИДЕО)

Фолк пејачот Влатко Алексовски неодамна ја објави неговата најнова песна, која овојпат е повеќе во забавен стил и е насловена „Добро утро љубов моја”. Тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ вели дека е презадоволен од проектот и се надева дека со новата песна ќе привлече и нова публика.

„За првпат се пуштив во забавните води. Со овој проект ‘Добро утро љубов моја’ направивме  еден одличен спој на аудио и видео, на музиката со сликата. Добивме и нова публика, бидејќи јас сум фолк пејач, за првпат снимам забавна песна, сметам и на нови обожаватели. Публиката пак, добива една прекрасна љубовна песна која секој ќе може наутро првото утринско кафе да го испие со неа. Со убава песна  да ја поздрави својата сакана, својата љубов и да и посака убав и среќен ден“ – истакна Алексовски за Сателитската ИН Телевизија.

 

Влатко во интервјуто открива дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една песна заедно со Ферус Мустафов и „Скопски боеми“, а за истата ќе следува и видео кое ќе го работат со ИН Продукција.

Алексовски го најавува и неговиот настап на овогодинешното издание на Тумба Фест кој што се одржува во Куманово, а во меѓувреме ве кани да ја слушнете и погледнете видеото за „Добро утро љубов моја“: