Промотер

Фолк-звук кој недостигаше: “Празен календар” – Менде Куновски (ВИДЕО)

Фолк-звук кој недостигаше: “Празен календар” – Менде Куновски (ВИДЕО)

Македонската фолк сцена добива уште еден квалитетен уметник кој со својот вокал и тоа како ќе го задржи вашето внимание.

Станува збор за битолчанецот Менде Куновски, кој вчеравечер, 31 октомври, (четврток) пред своите најблиски пријатели, колеги, роднини, но и вљубеници во убавата песна, го промовираше своето првенче во еден познат битолски ресторан.


„Празен календар“ е насловот на оаа деби-песна на Куновски, а на кој како автор се потпишува едно од најдокажаните музички имиња, Николче Мицевски (музика и аранжман), додека текстот е на Борче Нечовски. Песната е снимена во студио “XL Момировски”.


Ова не е фолк-песна во која преовладуваат гајди, зурли и тапани. Овој проект докажува дека и на овие наши простори има капацитет да се создаде модерна, а сепак квалитетна фолк-песна.


„Долги години бев член на битолската група ‘Алтернатор’, но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката“ – вели Куновски, кој не крие дека му е драго што за првенчето соработувал со најдобрите.

„Да се работи со Николче и Борче е чест и привилегија.

Вистински мајстори во својот занает, впрочем и нивните дела кои ги имаат создадено сведочат за тоа што јас го зборувам“ – завршува Куновски.


Се разбира, новата песна беше и екранизирана од рацете на вредната екипа од “Веста Продукција”.


Ова е само почеток, бидејќи во блиска иднина повторно ќе го видиме и слушнеме Менде со нова песна.