Промотер

Филип Пешевски би сакал да е со неа – „Без оглед на се’“ (ВИДЕО)

Филип Пешевски би сакал да е со неа – „Без оглед на се’“ (ВИДЕО)

Филип Пешевски одново се труди да ја освои македонската публика, овој пат со песна што претендира да биде летен хит. Младиот музичар деновиве ја промовираше темата насловена „Без оглед на сè“, збогатена со летно видео, снимено на идиличните плажи во Саранда, кај нашиот западен сосед Албанија.

Ова е негова прва, се надеваме не и последна соработка со проверените хитмејкери кои ги напишаа најслушаните македонски хитови. авторскиот братско-сестринскиот двоец Лазар и Магдалена Цветкоски. Екранизацијата на песната е дело на екипата од продукцијата „Блек меџик студиос“, авидеоспотот е изработен под режисерската палка на Никола Автовски.

„Драги мои, ви ја подарувам мојата нова песна и видео, која што се надевам ќе биде хит ова лето. Ви благодарам за целата поддршката што ми ја давате, само тоа ми дава храброст да продолжам да творам понатаму. Уживајте, се надевам ќе ви се допадне“, напиша Пешевски.

А, како изгледа и звучи „Без оглед на сè“, дознајте во продолжение.