Промотер

„Фанк шуи“ среде „Виулица… од Сомнежи?“ (ВИДЕО)

„Фанк шуи“ среде „Виулица… од Сомнежи?“ (ВИДЕО)

Скопското трио „Фанк шуи“ во средата, на 25 април, во „Станица 26“ го промовираше својот нов албум насловен „Импулс“, а претставено беше и новото видео за вториот сингл од изданието, „Виулица/Сомнежи?“.

Станува збор за комплетно авторско дело на Лука, Давид и Мики кои се потпишуваат на музиката, стиховите и аранжманот, а сето тоа го екранизираше режисерот Чедо Поповски.

Освен момчињата од бендот, во видеото се појавува и шармантната Нина Елзесер.

Како изгледа и звучи нивната „Виулица/Сомнежи“ дознајте во продолжение.