Промотер

Фанк Шуи се „Деца“… од тука до среќата… (ВИДЕО)

Фанк Шуи се „Деца“… од тука до среќата… (ВИДЕО)

Скопското трио „Фанк шуи“ ја заокружува годината со ново видео за темата насловена „Деца“.

Видеото  го објавија само еден ден пред големата предновогодишна забава на матичната продукција „Авалон“ – третото издание на фестивалот „All You Need Is Love“, каде што ја имаше честа да ја загреее атмосферата пред главните ѕвезди Влатко Стефановски и Џибони.

Песната е снимена во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев (микс и мастеринг) и „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски, со помош наДраги Иванов, а за видеото се погрижија самите членови на „Фанк шуи“ со Борис Ралев зад камерата.

Триото годинава го објави и албумот „Импулс“ каде што ги смести одличните „Виулица“ и „Сомнежи“, а во октомври ја претстави и темата  „Крик“. 

„Деца“ е едно од помеките изданија на фуриозната тројка, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

Извор: РадиоМК