Промотер

Елеонора Мустафова стана Малиша, па тргна соло со – „Теби се предајем“ (ВИДЕО)

Елеонора Мустафова стана Малиша, па тргна соло со – „Теби се предајем“ (ВИДЕО)

Балканската публика допрва ќе слушне за нашата Малиша од Скопје. Таа сними песна на српски јазик и потпиша договор за соработка со продкцуската куќа “IDJTUNES” (АЈДИЏЕЈ).

Песната носи наслов “Теби се предајем” која е во денс и модерен ритам.

Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе и се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со “IDJTUNES”, а исто така презадоволн сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија“ – вели Малиша која во понеделникот, 24 јуни пред новинарите ја промовираше песната и спотот.

Инаку Малиша е нејзино уметничко име, за тие што можеби не ја познаа, Малиша е Елеонора Мустафова, единственото девојче што го одгледа и ученичка на покојната кралица на ромската музика – Есма Реџепова. Таа исто така настапува и со „Esma’s Band Next Generation“, групата која предводена од уште едно дете на Есма, хармоникашот Симеон Атанасов го продолжува нејзиниот лик и дело, одејќи по нејзините стапки.

Ова е нејзината прва песна и видеоспот, а како овој аудио-видео продукт звучи и изгледа, проследете во продолжение.