Промотер

Елена Ристеска и Данијела Кариќ го претставуваат дуетот „Срца се погреше“ (видео)

Елена Ристеска и Данијела Кариќ го претставуваат дуетот „Срца се погреше“ (видео)

По дуетот со Хари Мата Хари во 2017 година за „Још ме плашиш“, Елена Ристеска има нов дует со српската пејачка Данијела Кариќ.

Пејачките ги спoија своите гласови за песната со наслов „Срца се погреше“, а со тоа Кариќ прави камбек на регионалната музичка сцена.

Нивниот заеднички сингл е објавен со видео спот снимен во Белград, а во истиот се појавуваат едни од најдобрите балетски танчари во Србија: Нина Булајиќ, Олга Олчан, Милан Рус и Игор Грабовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Како специјален гостин во спотот се појавува и свршеникот на Данијела, танчарот Иван Милеусниќ, кој наедно бил иницијатор за овој музички проект.

Музиката и текстот се на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров. Спотот пак, е режиран од Милош Шаровиќ.

printskrin/jutjub

Видеото освен на социјалните мрежи од профилите на пејачките, беше поставен на јутјуб каналот на Данијела Кариќ.

Погледнете: