Промотер

Елена Јовческа во „грешно време“ со вистински потег – „Грешна љубов“ (ВИДЕО)

Елена Јовческа во „грешно време“ со вистински потег – „Грешна љубов“ (ВИДЕО)

Елена ја промовираше најновата песна „Грешна љубов”, која што нема да остави никого рамнодушен, бидејќи станува збор за емотивна песна која таа и нејзиниот бенд ја изведуваат со многу емоции кои ги пренесуваат на публиката. Јовческа за естрадниот магазин „Естрада +“  истакна дека е среќна што конечно се исполнил нејзиниот сон, да ја промовира нејзината најнова песна, напишана со многу љубов.

„Оваа песна за да ја напишеш како што треба, треба и така да се чувствуваш. Јас мислам дека сите ние на некој начин сме имале ‘грешна љубов’, а во нив спаѓам и јас. Вложив многу труд, трпение и љубов во оваа песна. Им Благодарам од срце на сите мои колеги, кои се навистина големи професионалци и својата задача ја завршија одлично. Песната е мое комплетно авторско дело и се надевам дека во неа ќе е пронајдат сите кои ќе ја слушнат“ – изјави Јовческа.

Бендот кој што Елена го одбра за реализација на овој проект го сочинуваат :

Илија Филиповски-виолина, Маја Михајловска-чело, Никола Стојановски-гитара, Дарко Аврамовски-тапани, Марјан Ртоски-клавијатура. Придружен вокал е талентираната Марија Митровска, за која што Јовческа вели дека и претстои блескава музичка кариера.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во нивната изведба:

Останати вести од Промотер