Промотер

„Дупер“ продолжуваат на еден и – „Единствен начин“ (ВИДЕО)

„Дупер“ продолжуваат на еден и – „Единствен начин“  (ВИДЕО)

Двојката од  „Дупер“ објави нова песна проследена со видеозапис.

„Единствен начин“ е насловот на темата, која по речиси ништо не се разликува и многу не отскокнува од нивните претходни остварувања, па поп-фанк звукот станува веќе добро препознатлив за нив и како еден вид нивен заштитен знак и правец кој решиле да го туркаат.

Песната (музика, текст, аранжман) е нивно комплетно авторско дело , а се снимала во студио „Подрумот“ кај проверениот мајстор не само за „народњаци“, Ангел Ќосев. Синот на легендарниот Влатко, Јан Стефановски ги свири тапаните, додека Дарко Фотиновски бас секциите.

Видеото одново едноставно, но доволно интересно, а го потпишуваат Frozen Time Drops.

Како звучи и изгледа нивниот „Единствен начин“, проследете во продолжение: