Промотер

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО)

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО)

Откако од трио останаа двајца по напуштањето на тапанарката Мартина Баракоска и отказот од „Авалон продукција“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и бас-гитара) најпрвин во месец мај годинава ја промовираа песната насловена „Пробај да ми бидеш“, а по завршувањето на летото еве ги назад на музичката сцена со нова песна.

Овој пат темата носи наслов „Патник“ и истата како автори ја потпишуваат  (музика, текст и аранжман) самите членови на „Дупер“, додекаа снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев.

Стилски темата не отскокнува од претходните, го следи правецот кој и досега го практикуваше дуото и многу не изглегува од нивниот авторски концепт кој го негуваат, се разбира со мали аранжмански корекции на стилот. За песната е снимен и видеоспот кој е изработен од „Фроузен тајм дропс“.

Како сето тоа звучи и изгледа проследете преку вашето аудиовизуелното патување низ нивниот „Патник“: