Промотер

„Дупер“ имаат „Тело за на ТВ“ (ВИДЕО)

„Дупер“ имаат „Тело за на ТВ“ (ВИДЕО)

По појавата на македонската поп-рок сцена со деби-синглот „Не сум твој тип“ кој беше оценет како вистинско освежување, триото „Дупер“ деновиве ја објави и втората песна насловена „Тело за на ТВ“. Станува збор за уште една необична тема на бендот, кој колективно стои зад музиката, текстот и аранжманот, додека  снимањето, миксот и мастерингот  ги сработел Дејан Момироски во сопственото студио „Икс-ел“, кој можеби звучи парадоксално, но е многу попознат и позафатен во работата со фолк естрадата.

Режисерот Томи Акимовски го потпшува едноставниот видеоспот за „Тело за на ТВ“ во кој има многу повеќе документарен отколку уметнички пристап.

Инаку,  Мартина, Илчо и Борис веќе имаат материјал за албум, од кој песните јавноста ќе има можност премиерно да ги слушне во живо на славеничкиот „ПМГ рекордингс фестивал“ на 6 октомври 2018 во МКЦ.

Како звучи и изгледа „Тело за на ТВ“ на триото „Дупер“ дознајте во продолжение.