Промотер

Дуото „Бревис“ направи свевидно медли од 11 македонски хитови во 4 минути (ВИДЕО)

Дуото „Бревис“ направи свевидно медли од 11 македонски хитови во 4 минути (ВИДЕО)

Вокалистот Мартин Иванов и клавијатуристот Никола Николовски веќе подолго време настапуваат низ Македонија под името „Бревис“ опишувајќи се себеси како „бенд за сечиј вкус“. За публиката подобро да ги запознае, на својот канал на Јутјуб ги имаат објавено и преработките на хитовите „Чија си“ и „Тако лако“, но она што го претставија деновиве сигурно е најинтересното и најуникатното што сме го слушнале кај нас.

„Следува првиот Mashup на македонски поп песни, ова ќе биде првиот производ од нашиот проект на преработки на македонска поп музика! Очекувајте нешто свежо и сосема различно“ – велат тие во своето промотивно обраќање на Инстаграм.

Имено, момците решија да направат своевидно македонско медли, односно да спојат 11 од најпознатите македонски хитови во точно 4 минути, со помош од Иван Јамандиловски (аудио) и Алек Тасевски (видео). „Дали ме сакаш“ на Калиопи, „Осамен“ од Трајче Манев, „Соба за тага“ од Тоше и „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара се дел од рефрените што ќе ги слушнете во овој интересен проект на музичарите, кои веќе подготвуваат уште новитети, а како изгледа и звучи спојот на македонските хитови на „Бревис“, дознајте во продолжение.