Промотер

Дуо „Bele Bele“ (Jasmin Lopez & Onelito) – „Fiesta Latina“ (ВИДЕО)

Дуо „Bele Bele“ (Jasmin Lopez & Onelito) – „Fiesta Latina“ (ВИДЕО)

Кубанското дуо „Беле Беле“ кое го сочинуваат јасмин Лопез и Онелито неодама во хотелот „Романтик“ во Велес го сними видеозаписот за песната „Фиеста Латина“.

„Fiesta Latina“ е песна која звучи многу урбано и свежо, совршена е за танцување и забава. Во неа ќе слушнете и уживате во ритми и мелодии од Мајами, Порто Рико, Колумбија и многу други звуци од Латинска Америка во гласовите на овие двајца кубански пејачи.

Музиката е авторско дело на самите изведувачи, додека видеото го изработи македонска екипа и продукција. Како арт директор на спотот се потпишува познатиот новинар и ТВ водител Зоран Василевски – Фаци.

Директор на фотографија е Кокан Палашев, светлото на Панчо Пиров, за шминката се погрижи студиото Вељанова, додека режијата е на Крсте Шупев.

Како звучи  и изгледа „Латино забавата“ на Кубанците од дуото „Беле Беле“ проследете во продолжение: