Промотер

Druggy против градежната мафија се бори со – „Кензо Танге“ (ВИДЕО)

Druggy против градежната мафија се бори со – „Кензо Танге“ (ВИДЕО)

Новата песна и видео на Драган Иванов (Druggy) се инспирирани од градежната експанзија која во последниве години му се случува на главниот град.

„Песната и видеото прикажуваат револт кон градежното силување кое му се случува на Скопје во последните неколку декади. Со оваа песна се најавува новиот албум од Druggy насловен „Неврзаните“ коj излегува наскоро. Зад видео продукцијата стои Дарко Новевски“, вели Драган Иванов.

Погледнете го видеото за „Кензо Танге“, насловена по јапонскиот архитект, творец на новото постземјотресно Скопје.