Промотер

Драгана Јовановска почна да ја открива – „Тајната на љубовта“ (ВИДЕО)

Драгана Јовановска почна да ја открива – „Тајната на љубовта“ (ВИДЕО)

Младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Тајната на љубовта”.

„Песната првпат е изведена на меѓународниот фестивал ,,Ѕвездички ” каде што освоив Гранд При. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Миодраг Врчаковски, a музички продуцент е Александар Митевски. Песната доби и видеоспот кој го снимивме  со ИН Продукција. Јас сум навистина презадоволна од производот кој го добивме, а на на 6-ти Февруари на YouTube каналот на Драгана беше и официјалната промоција – рече Драгана за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако е релативно млада, Драгана има 5 свои авторски песни: “Роденденски концерт”, “Мојата мајка”, “Светилка”, “Тој ден”, “Сакам овој ден да трае” и секако најновата песна за која неодамна излезе и видео записот „Тајната на љубовта”.

Инаку на младата Драгана музиката и е во генитем, зашто музичкиот талент го наследила од нејзините родители, кои се познати македонски музичари.

Имено, нејзината мајка е македонската фолк пејачка Тања Јовановска Трајкова, а таткото на младата талентирана пејачка Младен, свири синтисајзер и е музичка придружба на неговата сопруга на заедничките настапи.

Оттаму Драгана има и потенцијал и можност да научи како се пробива патот до успехот на естрадата, по кој доволно добро чекори.

 

Во продолжение погледнете го видеото за “Тајната на љубовта”…