Промотер

ДНК за Божиќ ја претставија својата американска приказна во „Кога би знаела се’“ (ВИДЕО)

ДНК за Божиќ ја претставија својата американска приказна во „Кога би знаела се’“ (ВИДЕО)

ДНК – Панчо и Андреј и овој пат во свој стил и со посебна новогодишна и божиќна честитка за сите свои фанови, пријатели и вљубеници во модерниот звук, насловена „Кога би знаела се’“. 

Автори на истата се веќе проверениот тандем – Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка, текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар. Приказната е љубовна и за неа видеото е снимено во Чикаго, САД. Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа што во него Панчо и Андреј ги има во многу малку кадри. Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се одвива љубовната приказна меѓу боксерот (ГоГо) и девојката Тина, која работи во теретаната во која тој тренира.

Боксерот ја гледа девојката во која веднаш се вљубува, се запознаваат, ја прашува да излезат… Следува прошетка по шеталиштето во Чикаго, вечера… Токму на вечерата ГоГо и ја покажува поканата за својата прва професионална борба, која е одлична можност да го оствари својот сон. Следува борбата и победата, но Гого не успева да победи и кога е љубовта во прашање… Не успева да ги покаже своите чувства и да ѝ докаже на Тина колку му значи…

Главните улоги во видеото, односно вљубениот боксер и неговата девојка ги глумат Горјан Славески – Гого, Македонец кој живее во САД каде заминал со цел да го оствари својот боксерски сон, девојката Тина ја глуми Емет Мекговерн Џр.; ривал на Гого му е Џозеф Браун; папараци се Силвиа Круз и Давид Бркљач… Тука се и Ненад Инчевски, Џејсон Брендсетер, Вејн Грегори, Сенад Дрпљанин. Кадрите се снимени во Bourbon Cafe – Gregory Boxing and Muay Thai – PXM CROSSFIT, на кои целата екипа им е бескрајно благодарна за поддршката.

Мастерингот инаку е на Streaky Video by CRNI SRBI PRODUCTION – 2019, извршен продуцент е Ненад Инчевски, режисер NICKVISUALS, продуцент и асистент на режија Давид Бркљач. Уредник и стилист е Џибри Бел, а шминката е на Џозеф Браун.

„Уживавме додека го правевме видеото. Некако се погоди ова да е прв спот кој го работиме надвор од нашата земја и да е ете во САД. Работевме со голема и, пред сè, мошне професионална екипа која го даде својот максимум, па не се ни сомневавме дека ќе имаме одличен краен производ. Искрено веруваме дека и публиката ќе го дели нашето мислење“ –  вели Панчо, канејќи ве да го погледнете видеото.