Промотер

ДНК со потресно видео ве потсетува дека животот е – „Горе или доле“… затоа не пиј алкохол, ако возиш (ВИДЕО)

ДНК со потресно видео ве потсетува дека животот е – „Горе или доле“… затоа не пиј алкохол, ако возиш (ВИДЕО)

„Горе или доле“ е насловот на новата песна на Панчо и Андреј или двоецот ДНК. Станува збор за моќна композиција, односно клупска и радио ’френдли’ тема со моќен текст која се промовира во исто време со видеозапис, што инаку ја следи приказната од песната.

„Мислиме дека имаме одлична песна, и сме горди на сработеното, но ќе оставиме публиката да го каже своето. Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката за која ангажиравме филмски шминкер, односно Игор Петрески кој направи сè да изгледа перфектно. Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или доле“, вели Панчо.

Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ земјава, поточно во кафулето „Рузвелт“ во Скопје, потоа во Охрид, како и на Клиниката Жан Митрев.

Песната, пак, е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.

„Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно Don’t drink & Drive“, велат Панчо и Андреј.

Останати вести од Промотер