Промотер

ДНК го покажаа својот нов – „Дијамант“ (ВИДЕО)

ДНК го покажаа својот нов – „Дијамант“ (ВИДЕО)

Вчеравечер, понеделник, 28 мај,  ар ен би дуото „ДНК“  пред голем број преставници од македонските медиуми, колеги од  естрадата, јавни личности, пријатели, соработници, спонзори… го  промоираа својот  нов видеоспот за темата „Дијамант“, чија музика заеднички ја потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, а првиот ги напишал и стиховите, додека вториот го направил и аранжманот за песната.

Истата како и обично е визуелизирана со интересно видео, чија режија  ја потпишува Александар Ристовски-Принц, а во него во главните улоги појавуваат: кошаркарката на КК Врадар, македонска репрезентативка и мис фитнес модел -Едина Муса,

…кошаркарите на МЗТ Скопје, Маркус Гинијард и Џордон Кравфорд заедно со  неговата девојка Тифани Росарио…

…потоа Андријана Илиоска, Давор Минцоров, како и познатиот Буцо – Битбокс.

Видеото е снимено во фитнес Парк клубот, а во хотелот Парк, односно терасата на „Фоур“ беше направена и промоцијата на видеото кое можете да го погледнете во продолжение.