Промотер

Дина Јашари ви нуди колоритна музичка палета од своите – „Бои“ (ВИДЕО)

Дина Јашари ви нуди колоритна музичка палета од своите – „Бои“  (ВИДЕО)

Младата и талентирана кантавторка и вокалистка Дина Јашари, по соработката со „Сирилик“ и нејзините две претходни  соло песни: „Последна минута“ и „Зборови“, деновиве во етерот промовираше нова тема.

Третата песна по ред, насловена е „Бои“ и проследена како и претходните две со видеоспот. Дина има навистина интересен и пријатен глас, и стилот на музика која ја пишува жанровски потсетува на  Били Ајлиш, заради нејзиниот  нежен, но моќен вокал кој доминира во нејзините песни.

„Зборувам за боите на личност што веќе ја нема. Сепак живее преку тоа што го има оставено и пренесено. Има нешто многу убаво во тоа чувствата да ги претвориш во некоја форма на уметност, а за мене тоа е ,,Бои“ – ќе изјави неодамна Дина.

Покрај неа како кантавтор, таа стои и зад продукцијата заедно со Драги Иванов, кој пак самиот уште се погрижил за снинмањето, миксот и мастерингот на песната.

Видеото е уште една хенд-мејд работа на самата Дина и всушност е своевидно мобил видео, чии кадри кои самата ги снимила, кантавторката ги вклопила како визуелизација на својата нова песна, во што и помогнала Сара Панковска.

Како звучат „Бои“-те на Дина Јашари и колку колоритно се прелеваат во видеото кое автентично ја бои нејзината музика, проследете во продолжение:

 

Останати вести од Промотер