Промотер

Дина Јашари сака да ја сподели со Вас нејзината „Последна минута“ (ВИДЕО)

Дина Јашари сака да ја сподели со Вас нејзината „Последна минута“ (ВИДЕО)

По успешната соработка со братското електро поп дуо „Сирилик“, младата Дина Јашари ја претстави својата нова песна насловена „Последна минута“, на која самата се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, а за снимањето, миксот и мастерингот и овој пат се погрижил стариот соработник на пејачката  Иван Јованов – Ивајо.

Песнатае придружена во пакет  со мошне едноставно, но необично видео во режија на Томислав Живковиќ, а како креатор на целиот проект е потпишан Томи Акимовски.

Освен Дина, во видеото се појавуваат и Давид Јашари, Дарко Ристовски, Дина Велкова, Кирил Костов, Марјан Наумов, Никола Панајотовиќ, Тамара Ангелова и Викторија Илиевска.

Талентираната кантавторка и овој пат се покажува во солидно издание, а нејзината музика е вистинско освежување на домашата сцена.

Како звучи и изгледа нејзината „Последна минута“ дознајте во продолжение.