Промотер

Дина Јашари има нешто да ви соопшти со свои… „Зборови“ (ВИДЕО)

Дина Јашари има нешто да ви соопшти со свои… „Зборови“ (ВИДЕО)

Младата и талентирана кантавторка и вокалистка Дина Јашари, по соработката со „Сирилик“ и нејзината соло „Последна минута“ има нова песна. Темата „Зборови“ е уште едно нејзино авторско дело, овој пат компонирано и реализирано во соработка со Драги Иванов кој е коавтор на песната, а ги направил и миксот, мастерингот и продукцијата на истата.

Дина инаку е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а на естрадата за прв пат и се претстави во едно од мноштвото музички талент шоу-а, па за неа по повод излегувањето на новата песна Сара Костадиновска (Мејс) ќе напише на својот Фејсбук профил:

Темата „Зборови“ е проследена со едноставно, нискобуџетно, но, мошне ефектно арт видео кое ја следи приказната. Спотот режисерски го потпишуваат Милена и Ведран Маневи, а останатата екипа која учествувала во неговата реализација ја сочинуваат: ДОП – Били Д; Асистент на камера и видео едитор –  Горан Симјановски; Шминка – Елена Кежароска и Јана Петрова.

Како звучат и како изгледа визуелизацијата на нејзините најнови „Зборови“, проследете во видеото во продолжение: