Промотер

Девојките од Велес патуваат до првот албум: „Тhe Chicks“ – „Travelers“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Девојките од Велес патуваат до првот албум:  „Тhe Chicks“ – „Travelers“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева,  трите велешанки од музички бенд – „Тhe Chicks“ најпрвин станаа познати по своите забавни настапи на кои добрата журка е загарантирана, а потоа и по преработките на познатите песни од македонски и странски изведувачи, за конечно да почнат да имаат и свои, авторски песни.

Најновата тема, трета авторска песна, е прва и носечка песна од нивиот деби албум  со истоимен бнаслов „Travelers“, е испеана на англиски јазик.  Целиот проект е работен од следниот тим:
Музика и аранжман : Александар Чекреџи – Чекре, текст : The Chicks, аудио продукција : Александар Ристовски – Принц, микс и мастеринг : Златко Симионски – Зеко (ДоРеМи Продукција), додека
видеопродукцијата ја потпишал Иво Иванов.

„Во ова време кога сите сме дома и минвaеме низ тежок период, ова е подарокот кој што ние го  подготвивме за нашата публика. Преку ова им испраќаме порака да седат дома, да се чуваат себе и најблиските и да не забораваат дека животот е прекрасно патување, а ние сме…ПАТНИЦИ“ – напишале во промотивната порака до своите обожаватели девојките.

И додека ја чекаме промоција на албумот која ќе следи понатаму, во некои посреќни времиња кога за тоа чќе се создадат вистински услови, слушнете ја и погледнете го лирик видеото за нивната насловна тема – „Travelers“ .

Останати вести од Промотер