Промотер

Давид Темелков ја претстави својата „Балерина од стакло“ (ВИДЕО)

Давид Темелков ја претстави својата „Балерина од стакло“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Давид Темелков кого пошироката јавност го запозна како учесник на регионалното музичко талент шоу „Х -фактор“, последниве години успешно ја гради својата кариера во Хрватска. неговата нова песна е насловена „Балерина од стакла“  и е дело на реномираниот хрватски автор Мирослав Рус, чиј потпис стои на музиката, стиховите и на продукцијата.

„Песна што го носи духот на Балканот со светски призвук и која обединува од Охрид до Истра“ – вака ја најавуваат композицијата авторот и нејзиниот изведувач.

Давид не се ни обиде да го сокрие задоволството од објавувањето на новиот сингл: „ Интересно е тоа што, секој пат кога ја слушам, имам чустство дека ја слушам првпат. Мислам дека самиот наслов кажува сè за песната“ – изјавил пејачот, чија нова љубовна приказна е спакувана со исто толку импресивна екранизација, снимена во еден од најубавите бисери на Јадранското крајбрежје, познатата Опатија.

Сево ова е резултат од макотрпната работа и труд што Давид ги вложува во себе и во својот музички пат, што му се враќа на најдобар можен начин, па и со неговата „Балерина од стакло“, за која видото го изработила „Хит продукција“, а во него покрај Давид главната женска улога ја има убавата мис на приморско горанската жупанија, шармантната Катја Кухариќ.