Промотер

Дарко Стојаноски го опеа реканскиот крај и печалбарскиот живот на неговите жители во – „Моја Долна реко“ (ВИДЕО)

Дарко Стојаноски го опеа реканскиот крај и печалбарскиот живот на неговите жители во – „Моја Долна реко“ (ВИДЕО)

Познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски, кој ја негува исклучиво македонската песна со изворна и патриотска тематика, деновиве промовираше спот за песна посветена на Реканскиот крај,  која носи наслов „Моја Долна реко”.

„Сега подготвувам уште една нова песна, а се надевам дека за Сонцето од Кутлеш ќе успеам да доснимам уште една строфа и да ја докомплетирам, па ќе снимаме и за неа спот.  Музиката за оваа песна ја направив јас, тука се јавувам како автор, текстот е на Драган Матески кој е автор и на Сонцето од Кутлеш, а аранжманот е на Љупчо од Студио Анастасија“ – изјави Дарко во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Стојаноски вели дека очекувањата се големи и се надева дека песната ќе биде добро прифатена од народот. Спотот за песната “Моја Долна Реко” е реализиран во соработка со ИН Продукција.

Секако дека Дарко тука не запира. Тој во моментов подготвува уште неколку нови песни за кои како што вели ќе бидат изработени и официјални видеа.

Во продолжение погледнете го видеото за „Моја Долна Реко”: