Промотер

Даниел Крстевски стартува со една, како со „Сто една“ (ВИДЕО)

Даниел Крстевски стартува со една, како со „Сто една“ (ВИДЕО)

Тој е едно од оние нови имиња кои ја освежуват македонската естрада и придонесуваат за создавање на нова музика со квалитетен звук. Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види е еден од оние нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање.

Тој ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“, песна која е убеден дека ќе и се допадне на публиката. Станува збор за ритмична нумера и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел.

За песната е снимен и видеоспот, во кој покрај младиот пејач може да се видат уште неколку атрактивни девојки.

„Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и екипата заврши одлична работа. Инаку веќе работиме на уште две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година“ – вели Крстески.

До тогаш уживајте со неговата една како „Сто една“.