Промотер

Дамјан Стојановски со новата песна ќе ве наежи – ,,Никогаш северна” (АУДИО)

Дамјан Стојановски со новата песна ќе ве наежи – ,,Никогаш северна” (АУДИО)

Дамјан Стојаноски, син на прерано починатата македонска фолк легенда Војо Стојаноски, ги следи стапките на својот татко и ја продолжува неговата мисија, па преку песната работи на афирмација на вистината за Македонија.

„Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“– ќе изјави во една прилика  тој за својот татко Војо.

Деновиве Дамјан во етерот ја промовираше неговата најнова песна насловена како “Никогаш северна”.

Mузиката и текстот на песната се авторско дело токму на самиот Дамјан, а аранжманот е дело на Златко Миладиноски, додека песната е снимена во студиото „Саунд Сити Бубе“.

Слушнете ја во продолжение: