Промотер
ремек дело...

Да се наежиш: „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст тајм“ – македонско парче историја, преточено во врвна уметност

Да се наежиш: „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст тајм“ – македонско парче историја, преточено во врвна уметност

Стефан и Мартин Филиповски, братското дуо близнаци  од македонската група „Некст тајм“ со уште една фантастична преработка ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците.

„Нешто ќе те питам бабо“ е насловот на познатата македонска песна која доби нова верзија. По мотивите и музиката на старата македонска народна песна со стихови кои имаат патриотска содржина, аранжерот Никола Мицевски и близнаците Филиповски го претвориле во современо музичко ремек дело, чија визуелизација на режисерот Огнен Шапковски го прави величествено. Оригинален и автентичен, а сепак современ македонски музички производ, од кој, кога го слушате ве лазат морници, а додека го гледате видеото низ телото ви струи чудна енергија која ја покренува волшебната игра на сетилата.

И тоа не само на оние за слух и вид. Едноставно, божествено! Македонско парче историја, преточено во врвна уметност, која како и историјата… останува за навек!

На промоцијата во преполниот Драмски театар во кој буквално се стоеше се’ до ходникот и фоајето.

Покрај претставниците на медиумите, мноштвото колеги и соработници на групата, јавни личности, врвни спортисти, пријатели и спонзори, беа прсутни и претставници на навивачката група „Комити“, како и дел од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од лидерот Христијан Мицковски.

По премиерното прикажување, буквално целата сала скандираше: „Македонија, Македонија“… А, Македонија доби уште едно парче уметност со кое може да се гордее!

По завршувањето на официјалниот дел Мартин и Стефан заедно со екипата која го реализираше овој нивен најнов проект остана во (не)формална дружба со новинарите, а присутните имаа меѓусебно коктел матине.