Промотер

„Conquering Lion“ и нивниот италијански „реге брат“ Raphael во – „Badman World“ (ВИДЕО)

„Conquering Lion“ и нивниот италијански „реге брат“ Raphael  во – „Badman World“  (ВИДЕО)

Македонските реге-предводници „Конкуеринг лајон“ (Conquering Lion) го претставија видеото за својот нов сингл насловен „Badman World“, кој е снимен во соработка со италијанскиот колега Рафаел.

За аудио продукцијата се погрижи Гоце Трпков (С.А.Ф.), додека видео продукцијата ја заврши Бренсис (Rotosotop Ent). Видеото се снимаше во градовите Охрид и Тетово, а целата авантура беше исполнета со позитивни вибрации, велат од бендот.

Како и претходниот сингл „Shine“, новата песна е уште една најава за 5. студиски албум на тетовската реге-екипа, која во април годинава го прослави 11-тиот роденден.

Во меѓувреме, момците имаат и доста зафатено лето, исполнето со настапи на бројни фестивали низ Македонија и регионот, а веќе викендов, на 2 септември ќе гостуваат на солунскиот „Стрит-моуд фестивал“.