Промотер

Четкар и посвети тема на охридската – „Јагула“ (АУДИО)

Четкар и посвети тема на охридската – „Јагула“ (АУДИО)

Владимир Василевски – Четкар периодов промовирајќи го својот нов албум „Going Home“, кој го објави во март годинава,  стигна да исфрли уште еден сингл од него, уште една инструментална композиција, овој пат посветена на неверојатната одисеја на охридската јагула.

„Миграцијата на европските јагули меѓу слатководните живеалишта во Европа и Северна Африка и нивните мрестилишта во Саргасовото море е една од неоткриените мистерии во животинската навигација“ – напиша Четкар споделувајќи го новиот сингл насловен едноставно „Јагула“.

Во рамките на промоцијата на новиот албум, Четкар досега одржа два коцерта во Њујорк и во Чикаго, а во јуни го очекуваат настапите во Детроит и во Кливленд. Традиционално, музичарот дел од летниот период го поминува во родниот Охрид, па сигурни сме дека наскоро ќе закаже настапи и на домашен терен.

Како звучи неговата песна посветена на охридската јагула, дознајте во продолжение.