Промотер

Божидар Николовски за неа е само – „Лице од Инстаграм“ (ВИДЕО)

Божидар Николовски за неа е само – „Лице од Инстаграм“ (ВИДЕО)

Младиот битолчанец Божидар Николовски деновиве ја ојави својата нова авторска песна насловена „Лице од Инстаграм”.

„После мојата втора песна “Свој” која беше своевидна поп-фолк балада, сакав да снимам нешто поразлично, нешто што драстично ќе се разликува од се’ што дотогаш имав сработено. Добивав навистина многу понуди за песни од најразлични автори, но ниту една од понудените песни не беше ни близу до она  што јас го барав во тој момент. По навистина долга потрага по ‘совршената’ песна за мене, решив сам да ја составам екипата со која ќе го сработиме замисленото. Се собравме и им кажав што точно барам и што сакам. Бидејќи ние и приватно се познаваме, не им беше тешко да ме сфатат, бидејќи тие го знаат мојот карактер и знаат какви текстови и аранжмани сакам и така настана ‘Лице од инстаграм“ – изјави при промовирањето на песната во етерот младиот пејач.

„Лице од Инстаграм” како композитор и аранжер го потпишува Мими Марковски, а зад текстот стои Дарко Јоцковиќ. Песната на крај звучи навистина онака како што Божидар и сакал од самиот почеток. Урбан звук, урбан текст, кој може да им парира на моменталните македонски хитови, а сепак да го има неговиот печат.

„Откако ја снимив песната за истата направивме и видеозапис зад кои како главен продуцент и режисер се потпишува Дејан Трајчевски. Во спотот учествуваат и моите пријатели кои се со мене од самиот почеток.

Девојчињата кои играат во спотот за песната се од dance studio “EXPOSE” Битола, зад кои како кореографи стојат Ана Маркоска и Бобан Катароски. Главен модел во спотот беше Аријана Амзаи која е државен првак во танци. Јас сум навистина горд за целиот проект и на сите луѓе кои учествуваа во истиот“ – истакнува младиот битолчанец.

Останува на пошироката јавност е да пресуди дали песната и видеото и се допаѓа или не, но едно е сигурно дека помладите ќе уживаат во звукот и визуелизацијата на „Лице од инстагарам”, која можете да ја проследите во продолжение.