Промотер

Бомбакис шири – „Позитива“ (ВИДЕО)

Бомбакис шири – „Позитива“ (ВИДЕО)

Кристијан Станковски, познат како момчето со картонските пораки  или едноставно Бомбакис, деновиве премиерно на YouTube  ја претстави својата прва песна, насловена како „Позитива“.

„Позитива“ е дел од многуте проекти на кои што тој работи со полна пареа. Песната е настаната по доживувањето на многу пресврти во животот на Бомбакис, по што тој решава да ги стави пораките и животното искуство во едно дело кое што ќе му даде надеж и позитива на секој кој што ќе го слушне.

„Песната настана многу спонтано, имав желба да се искажам и сакав да им подарам позитивна енергија на сите кои што ќе ја слушнат. Многу сум среќен што мојата креативност продолжува и на други нивоа и области. Никогаш не сум имал цел да бидам славен, едноставно животните прилики и општеството кое што нѐ опкружува, ми дадоа можност да се искажам преку различните канали на комуникација и да допрам до јавноста. Благодарен сум на сите околу мене за поддршката, среќен сум што ми ја даваат потребната сила и му благодарам на Господ за сѐ што ми подари како среќа и како предизвик“, изјави Кристијан Станковски, Бомбакис.

Повеќе детали за песната и нејзиното настанување Бомбакис ќе даде во неговата емисија „Лирика“, која што зема  голем замав кај публиката. Предвидено е раскажување на стих по стих на песната, заедно со детали од неговиот живот кои што треба да се слушнат за да се дознае кој е всушност Бомбакис.

Текстот, односно лириката на „Позитива“ е на Кристијан Станковски (Бомбакис) и Давор Зењиловски. Музиката је дело на  Дарко Јовановски,  а придружен вокал во песната е Марија Мечкароска. Видеото го реализирал  Андреј Миновски.

„Позитива“ е само краток вовед за понатамошните проекти кои доаѓаат од Бомбакис.

 

Останати вести од Промотер