Промотер

Бојан Дамјаноски започна боемски со – “Прва и последна” (ВИДЕО)

Бојан Дамјаноски започна боемски со – “Прва и последна” (ВИДЕО)

Кичевчанецот Бојан Дамјаноски го започна својот авторски проект насловен “Боемски”, а првата песна како и прва негова авторска е песната “Прва и последна” која конечно ќе исплива како песна со јасен уметнички израз и мелос!

“Овој проект како и овој стил на музичко изразување ми беше во глава уште од оддамна.Само чекав да дојде вистинскиот момент на музичко созревање па да стартувам со работа на она што навистина ми излегува од душата, она боемското!”

Зад оваа песна тој самиот се потпишува како автор на музиката, а текстот го напишаа заедно со Стефан Симјаноски. За аранжманот беше задолжен Златко Миладиноски, а е снимена во студиото на Анѓел Ќосев  – “Подрумот”, кој го ставил својот продуцентски печат на песната.

Во најава е и втората авторска песна па по неа и албумот или така наречениот проект “Боемски”, останува да уживате во деби боемската нумера на Бојан.

 

Останати вести од Промотер