Промотер

Боби Павловски призна чија е… – „Рана“ (ВИДЕО)

Боби Павловски призна чија е… – „Рана“ (ВИДЕО)

„Рана“ е најновото музичко остварување на пејачот  Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветкоски (музика, микс, мастерини и придружен вокал) и неговата сетра Магдалена Цветковска ( стихови и придружен вокал).

Станува збор за една прекрасна балканска балада, во која како што вели Павловски ќе уживаат и млади и стари.

„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив“ – изјави Боби.

Оваа најнова песна на Павловски доби и соодветно видео во кое се појавува преубавата Србинка Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт студио“.

„Спотот е снимен на повеќе локации, а најмногу кадри беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана, во видеото се појавува и Американецот Девон Џонс од САД, инаку маринец по професија“ – објаснува Павловски.