Промотер

„Blue Band“ ја ќарија од „2 Бона“ – „Лажи ме“ (ВИДЕО)

„Blue Band“ ја ќарија од „2 Бона“ – „Лажи ме“ (ВИДЕО)

„Blue Band“ е музички состав од пет момчиња:  Диме – вокал, Зоки – клавјатури, Бојан – клавјатури, Дарко – тапани и Благоја – гитара, а постојат од 2017 година. Со првата песна „Револвер“, оваа млада екипа докажа дека го познава вкусот, пред се на тинејџерската публика.

Овој пат, тие ја промовираат и втората автоска песна „Лажи ме“, повторно модерна тема во брз ритам, песна на која соработуваа со истата екипа. Музиката, текстот и аранжманот се дело на Антонио Стојановски – Тонито и Марко Јелиќ – Кун од „2Бона“, кој ги направил и миксот и мастерот на песната.

Видеото го изработил Крсте Шупев, зад камерата бил Кокан Палашев, а во спотот се појавува синооката тинејџерска убавица, моделот Тања Јанушева.

Многу наскоро оваа дружина најавува и новитет на кој веќе работат извесно време, а дотогаш уживајте во нивната „Лажи ме“: