Промотер

Благојче Стојановски – Туше својот голем хит „Штом тебе те видов, јас се заљубив” го овековечи со спот (ВИДЕО)

Благојче Стојановски – Туше својот голем хит „Штом тебе те видов, јас се заљубив” го овековечи со спот (ВИДЕО)

Благојче Стојановски – Туше конечно го промовираше долго најавуваниот спот за песната „Штом тебе те видов, јас се заљубив”.

Спотот се снимаше во неодоливо живописните предели на преспанскиот крај,  во соработка со ИН Продукција.

После долги години, големиот хит на Туше доби и свое видео. Со оглед на тоа што песната веќе оддамна го достигна врвот, Благојче одлучи да ја овековечи и со спот. Тој вели дека оваа песна важи за негова лична карта, бидејќи без неа не поминува ниту еден негов настап.

„Песната веќе го има достигнато врвот, па поради таа заслуга сакав да ја одбележам со  видео спот. Интересно го направивме. Песната е веќе популарна, но сакав да има и свој видеозапис, едно обележје кое останува за цел живот за таа песна. Таа ми  е прва песна тука во Македонија снимена и еден од поголемите мои успеси. Покрај “Прашај ги свирачите” , оваа ми е една од моите најбарани песни“ -истакна Туше при неодамнешно гостување на ИН ТВ.

Погледнете го видеото на Туше за неговиот голем фолк хит „Штом тебе те видов, јас се заљубив”: