Промотер

Биба Додева на 13 Ноември го промовираше видеото за својата верзија на – „Скопје“ (ВИДЕО)

Биба Додева на 13 Ноември го промовираше видеото за својата верзија на – „Скопје“ (ВИДЕО)

Минаа неколку месеци откако македонската поп-рок пејачка Биба Додева ја преработи легендарната песна на култните „Леб и Сол“, посветена на македонската метропола – „Скопје“.

Празникот на главниот град, денот на неговото ослободување „13 Ноември“ беше искористен за промоција и пуштање во етер на видеото за истата, кое е правено по теркот на оригиналната приказна на режисерот Столе Попов, но овој пат со други протагонисти, на други, различни скопски локации…

Во спотот се појавуваат многу познати македонски личности од различни области, како и урбани градски ликови, навивачки  групи, естрадни фаци, актери, пејачи, водители, музичари… Со еден збор, дел од луѓето што го обележале животот и битисувањето на главниот град, секој на свој начин, во својата област!

„Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со песнава, па сега и да ја препеам. Оддамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака весело! Ви благодарам што бевте дел и без сите вас ова вака немаше да изгледа!

 

Честит празник мило Скопје мое… Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе“ – ја завршува Биба посветата во најавата на нејзината верзија на „Скопје“, чиј нов аранжман и продукција ги потпишува Владимир Дојчиновски-Дојчин, а видеото кое можете да го проследите во продолжение е изработено од „Фукс продукција“: