Промотер

БДМ и ЈОВА ви го претставуваат интерконтиненталниот проект – „Lee“ (ВИДЕО)

БДМ и ЈОВА ви го претставуваат интерконтиненталниот проект – „Lee“ (ВИДЕО)

„Парагон рекорд лејбл“ (Paragon Record Label) Ви ги претставува БДМ (BDM), свежиот звук на новата модерна македонска музика со нивниот прв видео запис за песната „Lee“.

Интерконтиненталенот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит е уште еден доказ дека денешниот музички свет не познава граници, туку вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна, што веројатно сите, сме ја доживеале.

„Lee“ e режисерско деби на Виктор Стоимиров, а е визуелно воден од блескавата Елена Гугоска.

Стоимиров успева да ја пренесе едноставната порака – за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вредат да се запомнат.

Зад карактеристичниот вокал на „Lee“ стои светската Јова (Yova), a песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг сервиси, воедно е и достапна на Ајтјунс, Спотифај, Гугл плеј, Епл мјузик, Дизер и Шазам.

Извор:РадиоМК