Промотер

Балкан бенд не прошетаа по спомените со – „Стари песни, стари другари“ (ВИДЕО)

Балкан бенд  не прошетаа по спомените со – „Стари песни, стари другари“ (ВИДЕО)

Енергијата, правецот по кој се движат и дефинитивно целосната посветеност и љубов кон македонската музика ги издвојува момчињата од „Балкан бенд“, веќе втора година по ред, на домашната естрада. За толку краток период, зад себе имаат неколку авторски песни, спотови и големи планови за албум следната година.

Стари песни, стари другари“ е насловот на новитетот, кој го промовираат заедно со спот, односно целосен пакет, кој е уште еден показател за тоа колку ја почитуваат својата публика.

Музиката, аранжманот и тексот ги доверија на тимот од чие што музичко студио излегуваат најголемите балкански хитови, двоецот Лазар и Магдалена Цветковски.

„Познавачите на нашата музика, веќе во новата песна на „Балкан бенд“ препознаваат нов летен хит, кој што „влегува“ во уво од прво слушање и не се ни сомневаат дека ќе остави свој белег ова лето 2018-то“ – велат членовите на групата.

Спотот за песната го работеше „Веста продукција“.

Досега, „Балкан бенд“ позади себе има 5 авторски песни и три спота, вклучувајќи ја и последната. „Неверник“, „Зависен“, „Пелин и Мед“ и „Сам ме остави“ се првите четири на групата, која сериозно е посветена на создавање авторска музика, бидејќи според нивната девиза, само така квалитетот испливува на површина, а публиката, токму тоа го препознава.

Септември е месец за уште новитети, бидејќи уште сега се најавува шестата авторска песна, која ќе биде дует со Сузана Гавазова, за која исто така ќе се снима и спот.

„Соработката со Лазар и Магдалена продолжува и кон крајот на оваа и почетокот на следната година, за кога се планира и промоција на новата песна, овој пат балада, која одговара и за тој период од годината, која ќе биде снимена и за нашиот, но и за српскиот пазар“ – порачуваат членовите на бендот.

„Балкан бенд“ е една од ретките музички групи кај нас, што можете да ги видите секаде, од свадби, до дискотеките и ноќни клубови, а сето тоа се должи на репертоарот кој што го изведуваат. Членови на бендот се:  Нико Сребров – клавијатури, Илија Наумовски – гитара, Бојан Дицовски – бас гитара, Александар Тасевски – вокал и Златко Анчевски – тапани.

Во продолжение проследете го видеото за „Стари песни, стари другари“.