Промотер

Балада која ќе ве освои: „Надеж“ е новиот хит на Лозано (ВИДЕО)

Балада која ќе ве освои: „Надеж“ е новиот хит на Лозано (ВИДЕО)

Едно од највредните и најпопуларни музички имиња во земјава, Влатко Лозаноски – Лозано подготви уште еден хит за својата публика, која од ден во ден ја има се повеќе и тоа надвор од границите на нашата земја.

По летниот хит „Јако, јако“, Лозано овој пат со прекрасна балада која носи наслов „Надеж“, за која сме убедени дека ќе ги освои симпатиите на обожавателите.

Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, кој друг ако не, тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека спотот во кој се појавува и преубавата манекенка Билјана Шкортова го изработија момците од „Веста продукција“.

– „Надеж“ е песна во која многу верувам и знам дека ќе и се допадне на публиката. Песната и спотот се снимени уште на почетокот на годината, а гледачите може да забележат дека го имам истиот имиџ како и на „Километри“, односно брадата е идентична како и на тоа видео. Инаку со мојот тим сметавме дека сега е одлично време за да ги почестиме слушателите на македонска музика со оваа балада – изјави накусо Лозано.

Новата песна е достапна и на најпопуларните музички онлајн продавници: Spotify, Deezer, iTunes, Google Play и многу други.

Баладата „Надеж“ е дел од третиот албум „Десет“, на кој што промоцијата е започната уште пред неколку месеци. Албум на кој ги има и добро познатите: „Километри“, „Јако, Јако“, „Камо тебе да те имам“, „Мандарина“, „Жена како ти“, „Како тебе нема друга“, „Пред да се раздени“ и „Бонбона“.

Погледнете:

foto: Printscreen