Промотер

Багзи со нова музичка тема која што ќе внесе ведрина во ова сивило – „Drunk N’ Bells”! (ВИДЕО)

Багзи со нова музичка тема која што ќе внесе ведрина во ова сивило –  „Drunk N’ Bells”! (ВИДЕО)

Младиот и талентиран Благој Шикоски или попознат во јавноста како Багзи 2020-та година ја заокружи со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата „Drunk N’ Bells” која што е негово авторско дело, а видеото за истата го сними Дарио Јанковиќ.

„Целта ми беше во овие тешки времиња од секој аспект што ги поминуваме сите ние, да дадам еден придонес во празничното расположение. Со оглед на тоа што месеците декември, но секако и јаунари се полни со различни празници, мислам дека тајмингот го погодив за ваков тип на песна.

Морам да истакнам дека имам одличен тим зад мене, и дека сите мои музички проекти ги реализирам во продукција и соработка со Наум Долоски-Мечкаров, од Охрид, и во неговото студио и продукција „MWP (Мechka Warrior Production), на кого сум му особено благодарен и сигурен сум дека нашата успешна соработка ќе продолжи и во иднина и ќе продуцира со уште многу успешни проекти, рече младиот Багзи.

Наскоро следуваат уште многу новитети од него, а младиот артист веќе работи на новото музичко парче кое исто така ќе биде екранизирано.

Багзи паралелно во последните четири години работи и како диџеј, а е и студент на Факултетот за Компјутерски Науки и Инжинерство при Универзитетот за Информатички Науки и Технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид.

Преслушајте ја неговата нова тема „Drunk N’ Bells” и погледнете го видеото за истата во продолжение: