Промотер

(АУДИО) Синглот „Your name“ го најавува нивиот албум на Крсте Роџевски

(АУДИО) Синглот „Your name“ го најавува нивиот албум на Крсте Роџевски

„Your Name“ е првиот сингл од новиот албум на Крсте Роџевски, кој беше издаден неодамна. Станува збор за изданието насловено „The Rabbit And the Fallen Sycamore“, со кое битолскиот музичар ја заокружува трилогијата „Апоптоза“, а на кое му претходеа „Bitter Almonds“ (2017) и„Батанија“ (2015).

Како што пишува „Бродвеј ворлд“, за разлика од претходните два албума од трилогијата, кои беа инспирирани претежно од љубовта кон семејството и родната грутка, во ова издание тоа полека исчезнува, преминувајќи од неговото минато кон сегашниот живот во САД и отсликувајќи ја таа „сива зона“ меѓу носталгијата и очекувањата. Сето тоа е доловено и во фотографијата на обвивката, за која се погрижи Икуо Мори.

Новиот албум содржи 10 композиции и е издаден за етикетата „Мач прифр рекордс“ (Much Prefer Records). Автор на музиката и стиховите на сите песни е самиот Роџевски, кој заедно со Томас Фуџивара ја потпишува и продукцијата на материјалот, а за миксот се погрижи Бил Ласвел.