Промотер

„Ареа“ се врати со својот „Зрак“… што светлост дава (ВИДЕО)

„Ареа“ се врати со својот „Зрак“… што светлост дава (ВИДЕО)

Култната македонска  рок група „Ареа“, деновиве во етерот ја пушти својата нова песна и видеото за неа насловена „Зрак”, со што пријатно ги изненади своите обожаватели, по паузата од цели пет години.

Видеоспотот е изработен  под режисерската палка на Кристијан Шемко од „Pyramid Production“ и во него покрај членовите на бендот, се појавува и Ања Поповиќ, млада актерка и професионална танчарка од Скопје. „Зрак” е само најава во вид на пилот сингл како дел од материјалот за нивниот нов албум, кој  се ‘ уште е во подготовка.

Музиката и аранжманот ги потпишува гитаристот Ивица Брчиоски, додека текстот е дело на неговата сопруга и главниот вокал на бендот, Ружица. Песната е снимена и миксана во нивносто семејно студио „Клиника”.

За потсетување, „Ареа“  започна да егзистира во 1991 година, со создавањето на првите три авторски песни и пријавувањето на „Поп-Рок фест ’92“ каде што победија и истата таа 1992 година во студијата МРТВ го сними дебитантскиот албум ,,Случајно тука“, која  на носач на звук во вид на касета го издаде Музичката и касетна продукција на МРТВ.

Дури 8 години подоцна, во 2000  година групата го издаде и вториот албум „Врати на имагинација“, од која како голем  хит се издвои песната „Сите мои слики” која стана евергрин кој и ден – денес се врти на радио станиците ширум Македонија

Инаку „Ареа“ зад себе имаат издадено вкупно  5 студиски и еден албум во живо. Као звучи и изгледа нивниот нов „Зрак“, проследете во продолжение: