Промотер

Антонија Гиговска има – „Слаба страна“ (ВИДЕО)

Антонија Гиговска има – „Слаба страна“ (ВИДЕО)

Младата поп пејачка Антонија Гиговска  го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Слаба страна“, кој пристигна заедно со модерно и разиграно видео, како што и доликува за младата пејачка.

Како и за претходните две теми, така и овој пат авторските потписи се на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои ги создадоа музиката и стиховите, а екранизацијата е дело на продукцијата „Томато“.

Заедно со Антонија танцуваат и членовите на танцовото студио „Битрикс кру“: Леонардо Хусеини, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска и Мартин Иванов, а за одличниот изглед се погрижија стилистот Даниел Николовски и „Фешн груп Македонија“.

Претставувајќи го новиот проект, младата ѕвезда им се заблагодари на сите што учествуваа во неговата реализација, како и на нетрпеливите обожаватели и на своите родители и братот, без чија поддршка не би успеала. Каква е нејзината „Слаба страна“ дознајте во продолжение.